Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Умебоши слива

Умебоши сливите се берат во месец Јуни, па потоа се ставаат во глинени тегли со морска сол.








Плодовите секој ден се вадат со одредени внимателни движења и се местат на тој начин да секоја страна биде изложена на сонце, а навечер се враќаат во теглите внимателно ред по ред. Целиот процес се повторува со денови сé додека не добијат одредена влажност. Во следната фаза теглите се затвораат со тежок поклопец и таквите драгоцени сокови од сливите полека излегува и се создава умебоши оцет кој што е многу лековит како и ферментирани сливи. Процесот на создавање трае и до пет години.

Против стомачни тегоби- ферментираните умебоши производи ја менуваат ph вредноста во крвта и создаваат отпорност на организмот на грип и настинки, а делуваат и многу лековито и кај стомачните тегоби и мачнини при патувањето. Кога внесуваме многу шеќер во организмот, сокови, овошје... во нашиот организам се зголемува киселоста, а ваквата состојба делува на развојот на бактерии, вируси, габички. За да би го вратиле балансот, нашето тело зема минерали, па така умебоши сливите се производи кои го овозможуваат тоа.

Природен антибиотик- Умебоши сливите се богати со минерали и белковини. Содржат многу железо, калциум, фосфор, витамин Б1, Б2... Имаат антисептичко и антибиотичко дејство. Содржат голема количина на лимонска киселина, која е со многу поголем квалитет и содржи поголема количина на витамин Ц од лимонските киселини во самиот лимон. Лимонската киселина ја чисти маста на црниот дроб, помага на неговото функционирање и на тој начин врши детоксикација на организмот. Природните ензими го регулираат варењето и функционирањето на желудникот.

Умебоши сливите му овозможуваат на организмот да:

  • Ја прочисти крвта и постигне идеална алкатност ph 7.35,

  • Ја неутрализира киселоста на крвта при прекумерното користење на шеќер, алкохол,

  • Го чисти телото од токсините,

  • Ги смири воспаленијата како што се грипот и настинката,

  • Го регулира варењето и здравата функција на желудникот,

  • Го стимулира и помага функционирањето на црниот дроб и бубрегот,

  • Ја зголемува виталноста да организмот се релаксира и подмладува,

  • Го забавува стареењето,

  • Ја лекува главоболката и го намалува заморот и

  • Се препорачува во случаи на труење со храна.



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani