Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



МАСЛО ОД ЦРН КИМ (nigella sativa)

Маслото од црн ким се користело уште од пред многу години во медицински намени и како додаток во исхраната.







Легендата за исцелуителната моќ на маслото од црн ким е стара илјадници години. Денеска ова масло се користи во модерната наука сé повеќе.

Маслото од црн ким содржи над 100 терапевтски активни компоненти. Билката nigella sativa, од која се добива маслото е високо ценета медицинска билка со потврдени својства во многубројни клинички испитувања.

Црниот ким се состои од мали семки кои имаат идеален хемиски состав кои го прават супериорен за разлика од останатите билки. Тие содржат протеини, јаглехидрати, тиамин, ниацин, фолна киселина, калциум, железо, бета- каротин и многу други вредни состојки.

Направени се многубројни различни студии на различни институти, кои откриле голем број на болести на кои црниот ким делува позитивно: астмата, алергии, хроничен замор, зголемен холестерол, шеќерна болест, хемороиди, проширени вени, висок крвен притисок, бактериски, габични и паразитски инфекции, главоболки, лишаи, пролив, болести на црниот дроб, болки во зглобовите и мускулите, болки во желудникот и цревата, депресија, несоница, слаба циркулација, ПМС, сида, рак....

Ова масло добро делува и врз кожата, ноктите ги прави сјајни и ги зајакнува, го спречува опаѓањето на косата и делува против првутот, ја храни сувата кожа, ги намалува брчките...

Маслото од црн ким го зголемува имунитетот- досегашните испитувања покажале дека неговото делување не се ограничува на пооделни органи, туку делува на целиот организам преку имунолошкиот состав. Ова масло се смета за имуномодулатор.

Дејството на масло од црн ким врз алергиите- маслото дава извонредни резултати кај болните лица од алергии. Неговата долгорочна употреба доведува до значајно смалување на симптомите. Поради својот хемиски состав, маслото покажува и поволен ефект и на астмата.

Црн ким и рак- црниот ким може да се послужи во терапијата на тешките болести и благодарение на неговото дејство тоа му овозможува на телото да ја зголеми способноста за самоодбрана.

Црниот ким кај холестеролот и дијабетесот- ова масло се користи кај зголемениот холестерол и се користи подолг период. Исто така, се користи и кај дијабетесот.

Дермална примена на маслото од црн ким- делува поволно кај белезите, стриите, акните, дерматитисот... Црниот ким добро ја негува сувата кожа. Се смета дека го спречува настанувањето на брчките, постоечките ситни брчки ги смалува со секојдневната употреба. Тој е многу погоден за осетливата кожа која што е склона на црвенило, бидејќи ја негува и смирува. Со тек на време, со користењето на ова масло косата се зајакнува и добива сјај, а воедно се смалува и првутот.

Nigella sativa е одобрена од страна на Администрацијата за храна и лекови во Америка и Велика Британија како помошно средство во спречување на растот на туморните клетки, превенција на несаканите ефекти од хемотерапијата, зајакнување на имунолошкиот систем, лечење на псоријаза, вирусни инфекции.



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani