Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Масло од лен

Лененото масло е достапно како течно масло, но и како капсули поради поедноставно конзумирање. Не се препорачува да се користи за готвење, поради тоа што на висока температура ја губи стабилноста и корисните масни киселини се разложуваат на штетни материи.









 Ленените семки содржат витамини од групата B, C, E, фитостероли,од минералите калциум, селен, бакар, железо, цинк, натриум, магнезиум, фосфор и калиум.

 

Ленот содржи линолна (омега-6) и олеинска киселина (омега-9), палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од масните киселини во ленот припаѓаат на алфа линоленска киселина (омега-3), со тоа лененото семе претставува еден од најбогатите билни извори на омега-3 масни киселини (два пати повеќе од рибиното масло).

 

 

Лененото семе содржи растителни масла во чиј состав влегуваат глицериди на линолната, линолеинската и стеаринска киселина, белковини, витамин А,јаглехидрати, органски киселини,слуз, ферменти, гликонид линамарин

 

 

Семките се исто така најбогат билен извор на антиоксиданси како лигнинот.
Ленот можете да го консумирате како семки, но најубаво е да се сомелат за да се искористи потполно нивната вредност или поедноставно може да се користи во облик на масло.

 

 

Ленено масло

 

 

Лененото масло е достапно како течно масло, но и како капсули поради поедноставно конзумирање. Не се препорачува да се користи за готвење, поради тоа што на висока температура ја губи стабилноста и корисните масни киселини се разложуваат на штетни материи.

 

Лековито делување

 

Редовно користење на сирово ленено масло има широк спектар на лековито делување:

  •  

    кај клетките на канцер особено на ракот на дојка, јајници, простата, мозок

  •  

    кај атеросклероза на крвните садови

  •  

    сецеви тегоби

  •  

    срцев инфаркт

  •  

    аритмија

  •  

    хипертрофија на простата

  •  

    воспаление на мочните патишта

  •  

    жолчни камчиња

  •  

    артритис и болки во зглобови

  •  

    го подобрува метаболизмот на мастите во телото

  •  

    при симптоми на егзем

  •  

    акни

  •  

    има удел во градење на блескава и мазна кожа

  •  

    позитивно влијае и на дигестивниот систем (благо лаксативно дејство, семките имаат посилно делување од маслото)

  •  

    симптоми на менопауза

  •  

    го подобрува имунитетот

  •  

    се бори со слободните радикали

  •  

    исто така може да се користи за надворешна употреба на сува и лушпеста кожа, лечење на рани и лузни, кај опекотини, воспаленија, екзем псоријаза кожни осипи.

 

 

 

Едноставен и вкусен оброк можете да припремите така што лененото масло ќе го помешате со свежо кравјо сирење или урда, а при тоа ќе додадете малку чили пиперка. Потребно е добро да ги промешате состојките. Овој рецепт се препорашува за одржување на идеална телесна тежина и добро здравје.

 

 


 

  •  

    Против камен во мокрачата- да се пие по 1 лажица ленено семе, навечер и на утро измешано со вода и млеко

  •  

    Се користи каша од лен која што е добиена од 1-4 лажици ленено семе, кое што одстоило во 1 чаша ладна вода. Повремено да се меша и да стои 2-3 часа.

  •  

    Средство за чистење на бубрезите- лажица ленено семе да се вари со една чаша вода. Течноста во која се варело семето ќе биде доста густа па треба да се разреди со малку вода.Доколку смесата не е вкусна да се додаде сок од лимон. Се пие по половина чаша на секои 2 часа во рок од 3 дена

  •  

    Бронхитис-10 гр.ленено семе се става во стаклена тегла се прелива со 300 гр.зовриена вода и се остава да стои 10 мин и повремено се меша,потоа се процедува. Течноста се зема по ½ чаша во текот на денот. Средството помага и за бронхитис.

  •  

    Ангина- 10 гр.ленено семе се вари во 300 гр.вода во емајлиран сад, добро се меша 10 мин.па се процедува. Течноста се користи за плакнење на грлото неколку пати на ден.

  •  

    Склероза- се зема ленено масло по 1 лажица 2 пати на ден во текот на јадењето 1-1,5 месеци. После 3 недели циклусот да се повтори.

  •  

    Младешки акни- чај од ленено семе и цвет од камилица се користат како облоги: се мелат 4 лажици ленено семе и 1 лажица камилица. Сместа се прелива со мала количина зовриена вода. Смесата се става со лажица на кицето да се направи слој,лицето се покрива со крпа и се остава да делува 15-20 мин. Потоа лицето се мие со топла вода.

 

 

Најдобро е да се користи лененото семе од органско потекло. Високо квалитетното масло едвај има или воопшто нема вкус. За во потполност да го искористиме благодетот на лененото масло, препорачана дневна доза изнесува 1-3 супени лажици. Оваа количина не треба да се преминува.

 

Доколку земате лекови против згрутчување на крвта (антиагрегациони лекови и антитромботици) или сте трудница или доилка, пред земање на ленено масло советувајте се со вашиот лекар.

 

Чување

 

При чување на ова масло треба да ја земеме во предвид неговата осетливост на светлина и склоност кон оксидација. Инаку во лененото масло почнуват да се ослободуваат штетни молекули на липоден пероксид, а тоа станува горко и со остар мирис.
Затоа треба да се чува добро затворено во фрижидер, истото се однесува и на лененото масло во капсули.

 

 

 

Масло од ленено семе (Linum usitatissimum) се користи во традиционалната медицина како лаксативно сретство како и во превенција од кардиовскуларните заболувања и канцер.

 

 

Нерафинирано ленено масло има светло-жолта боја и е особено богато со лигнини, фитоестрогени и други антиканцерогени состојки.

 

 

Квалитетно ленено масло според Британската Фрамакопеа во својот состав треба да содржи:

 

 

- Палмитинска киселина 7 %

 

 

- Стеаринска киселина 3.4-4.6 %

 

 

- Олеинска киселина 18.5-22.6 %

 

 

- Линолеинска киселина 14.2-17 %

 

 

- Алфа линоленска киселина 51.9-55.2%

 

 

Поради висока концетранција на незаситени масни киселини  лененото масло е подложно на полимеризација поради што најчесто се меша со други растителни масла и се произведува во темни шишиња заштитени од светлина.

 

 

Ладно цеденото ленено масло содржи и висока концентрација на лигнини 75-800 пати повеќе отколку другите растенија поради што се препорачува особено за регулација на хормони. Исто така, лененото масло е богато со растителни влакна, Б витамини, магнеизум и цинк.

 



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani