Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Интегрални брашна

Вредноста на интегралното брашно е во богатиот нутритивен состав на целото житно зрно. Имено, додека белото брашно е добиено со мелење на ендоспермот-средишниот скробен дел на житното зрно, интегралното брашно се добива со мелење на целото зрно-лушпа, ендосперм и никулец. 





Лушпата на зрното содржи минерали и многу растителни влакна кои ја помагаат перисталтиката на цревата, ја регулираат тврдата столица и холестеролот. 
Никулецот претставува само 3% од составот на зрното, но во него има концентрирани белковини, масни киселини и витамини од Б-комплексот, А, Ц и Е, и како таков никулецот е главен носител на нутритивните предности на интегралното брашно во однос на белото брашно.
Ендоспермот, иако процентуално зазема најголем дел од зрното, претставува само скроб кој во телото се претвара во шеќер и служи за исхрана на никулецот додека не почне процесот на фотосинтеза.
Бидејки никулецот не е стабилен на собна температура, тој со стоење ги губи своите нутритивни својства, и придонесува за побрзо ужегнување на брашното. Во комерцијалното производство на интегрално брашно постои пракса на отстранување на никулецот од зрното пред да се сомеле како и на додавање на адитиви за продолжување на рокот на траење. И двата методи резултираат со драстично намалена нутритивна вредност на брашното.

Ако имавте мала домашна мелница за жито, тогаш ќе си сомелевте токму овакво брашно какво што ви нудиме ние. Интегралното брашно на АРОНИЈА здрава храна дооел е направено од цело житно зрно, без додаток на конзерванси.
По отварањето, препорачуваме да се чува добро затворено, на суво и ладно место или во ладилник.

  


Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani