Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Чиа семе (salvia hispanica) богат извор на незаситени масни киселини

Името чиа потекнува од древната цивилизација на Маите и означува “силен” или “моќен”.Ова семе било важен дел од нивната исхрана како извор на енергија во походите.


Чиа семето има извонредна нутритивна вредност бидејќи е богат извор на незаситени масни киселини омега-3 и омега-6( осум пати повеќе од лососот),исто така е богат извор на протеини(околу 20%),растителни влакна,минерали-калциум,магнезиум, цинк, фосфор,витамини-А,Д,Е,К,Ц,Б(сите освен Б-12).Чиа семето содржи пет пати повеќе калциум од млекото,три пати повеќе железо од спанаќот,двојно повеќе калиум од бананата,претставува моќен антиоксиданс и не содржи глутен.

Токму поради високата нутритивна вредност здравствените придобивки од користењето на оваа супер храна се големи: го подобрува здравјето на срцето,го намалува крвниот притисок и холестеролот ,го стабилизира нивото на шеќер во крвта(има низок гликемиски индекс),има антивоспалително дејство,енергизира така да е поволно за спортистите за подобрување на нивната издржливост, помага во регенерација на мускулите,за хидратација и одржување на електролитниот баланс во организмот ,помага при детоксикација на организмот и одржување на телесната тежина,го подобрува функционирањето на мозокот(вклучувајќи ја концентрацијата и меморијата),ги ублажува симтомите при менопауза и менструални болки, има силно антиоксидантивно дејство односно го штити организмот од слободните радикали.

Нутритивна вредност во 100 грама чиа семе:

-енергетска вредност 490 kcal

-јаглехидрати 438 грама

-протеини 15.6 грама

-масти 30.8 грама(од кои најмногу полинезаситени 23.3 грама

-омега 3 масни киселини-17552 мг

-омега 6 масни киселини 5785 мг

-калциум 631 мг,цинк 3.5 мг,калиум 160 мг,натриум 19 мг,фосфор948 мг,бакар 0.2 мг

Дневна препорака за конзумирање на чиа семето е 15 гр(една супена лажичка).Може да се употребува како здрав додаток во разни напитоци(сокови,смуди),салати,десерти.Пред користење на чиа семето потребно е да се потопи во вода 10 минути за да се искористат неговите хидратантни својства.



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani