Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Киноа (Chenopodium quinoa)

Киноата е една од најстарите јужноамерикански житарици и затоа уште ја нарекуваат мајка на житата.Нејзиното потекло датира уште пред 5000 години на подрачјето на Андите.


Светската организација за храна во рамките на ОН ја прогласи 2013-та година за меѓународна година на киноата со цел да го сврти вниманието на јавноста за важноста и нејзината исклучително висока нутритивна вредност . Киноата е пребогата со извонредно квалитетни растителни протеини односно во својот состав содржи речиси двојно повеќе протеини од сите останати житарици. Таа е богат извор на аминокиселини, ги содржи сите есенцијални аминокиселини поради што претставува идеална здрава замена за месото.Киноата исто така содржи незаситени масни киселини омега-3 и омега-6,растителни влакна,каротеноиди,богата е со железо, магнезиум,калциум ,цинк,калиум,бакар,манган, ,селен,витамин Е,А,Б1,Б2,Б6,фолна киселина,има низок гликемиски индекс,не содржи глутен.Здравствените придобивки од користење на киноата се многубројни.Го штити срцето,го регулира крвниот притисок и холестеролот во крвта,поради нискиот гликемиски индекс претставува одлична храна за дијабетичарите ,помага во регенерација на мускулите,енергизира,помага при детоксикација на организмот,поради присуството на магнезиум и рибофлавин помага кај мигрена,спречува алергии и астма,има големо антиоксидативно својсво.

Нутритивна вредност во 100 грама киноа:

-Енергетска вредност 368 kcal

-јаглехидрати 64 г

-протеини 14 г

-масти 6 гр

-диетални влакна 7 гр

-железо 4.6 гр,магнезиум 197 мг,калциум 36 мг,калиум 563 мг,фосфор 457 мг,цинк 3.1 мг ,витамин Б1 0.26 мг,витамин Б2 0.32 мг,витамин Б6 0.5 мг,фолна киселина 184 мг



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani