Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Куркума (curcuma longa)

Куркума или индијски шафран се добива од коренот на билката curcuma longa .

Застапена е како зачин посебно во источната и индиската кујна каде што се употребува повеке од 2500 години.


Ова растение посебен третман има во Ајурведската медицина во препаратите за лечење на дијабетис, болести на дишните патишта, крв и крвните садови, разни кожни заболувања. Куркумата претставува богат извор на железо,магнезиум,цинк,манган,витамин Б6,витамин Ц,витамин Е,диетални влакна. Во современата наука како и во традиционалната медицина високо се цени нејзиниот лековит ефект заради содржината на алкалоидот куркумин кој е основниот состав на растението. Луто-горкиот вкус на растението ги уништува бактериите и паразитите, наслагите на слуз, мастите, лепливите токсини, го поттикнува крвотокот и комплетниот метаболизам, одлично средство против труење, треска, воспаленија и разни болести на крвта и кожата. Индиската медицина ја третира куркумата како еден од најмоќните природни лекови а научните истражувања ја потврдуваат дека е вистинско чудо во лечењето на разни сериозни здравствени проблеми како што се ракот, Алцхајмеровата болест,мултиплекс склероза,леукемија. Едно од најзначајните својства на куркумата е нејзиното антиканцерогено дејство поради нејзините антиоксидативни,антивоспалителни и имуностимулирачки својства.Куркумата го намалува ризикот о настанување на леукемија, ги обновува мозочните клетки,поволно влијае на работата на штитната жлезда, го регулира метаболизмот, ги смирува воспалителните процеси и го поттикнува губењето на масните наслаги при слабеење,го прочистува црниот дроб,претставува природен лек против артритис и реума,ја регенерира кожата,помага во лечење псоријаза. Во кинеската медицина куркумата се користи за лечење на депресија а во бразилската народна медицина за запирање на крварења и како моќен противотров при каснување од змија отровница. Хавајските жители ја употребуваат како сок кој се става во уши за отстранување на болката и во нос против воспаление на синусите. Куркумата исто така се користи како зачин во храната за спречување на подуеност и гасови.

Нутритивна вредност во 100гр мелена куркума:

-енергетска вредност 354 kcal

-јаглехидрати 64.9 гр.

-протеини 7.83 гр.

-масти 9.88 гр

-диетални влакна 52.5 гр

Витамин Б3 5.14 мг,витамин Б6 1.8 мг,витамин Ц 25.9 мг,витамин Е 3.1 мг,железо 41.42 мг,манган 7.83 мг,калциум 183 мг,магнезиум 193 мг,цинк 4.35 мг,фосфор 268 мг.



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani