Масло од сусам
Ладно цедено
Масло од семки
од тиква
ладно цедено



Хељда (fagopyrum esculentum)

Хељдата потекнува од Азија.Нејзиното култивирање од X до XIII век се шири во Европа и Русија а подоцна и во Америка.Иако поради својот изглед и хранлива вредност хељдата се смета за житарица сепак таа ботанички припаѓа на категоријата зелјест зеленчук.


Хељдата содржи осум аминокиселини,исклучително е богата со минералите калиум ,фосфор,магнезиум,,манган,цинк,витамин Б1,Б2,растителни влакна.Таа исто така претставува богат извор на витаминот П кој во себе го содржи биофлавоноидот Рутин.Рутинот е супстанца која го намалува нивото на холестерол во крвта,ги јакне крвните садови и ја подобрува циркулацијата.Исто така рутинот ја подобрува апсорпцијата на витаминот Ц и заедно со него делуваат антибактериски и антиалергиски и учествуваат во формирањето на сврзното ткиво во организмот.Поради сето ова хељдата претставува одлична намирница за намалување на нивото на холестерол и регулирање на крвниот притисок,спречува појава и развој на кардиоваскуларни болести,го регулира нивото на шеќер во крвта што ја прави одлична храна за дијабетичарите,поволна е за користење при реуматски проблеми.Хељдата е идеална храна за мозокот затоа се препорачува особено кај лица со големи интелектуални напори бидејќи ја јакне меморијата и концентрацијата,таа исто така ја обновува слузокожата на тенкото црево,го подобрува варењето на храната и работата на цревата Цветот од хељдата се користи како лек против кашлица и слуз во горните дишни патишта. поволно влијае против болестите на желудникот и цревата а помага при слабокрвност и посебно кај личности кои имаат слаб нервен систем и при атеросклероза.

Нутритивна вредност во 100 грама хељда:

-енергетска вредност 343 Kcal

-јаглехидрати 71.5 гр.

-протеини 13.54 гр.

-масти 3.4гр.

-диетални влакна 10 гр.

Витамин Б1 0.55 мг,витамин Б2 0.1 мг,витамин Б3 4.88 мг,витамин Б6 1.23 мг,витамин П 7.1 мг,магнезиум 268 мг,калиум,565 мг,фосфор 490 мг,железо 13.1 мг,цинк 2.9 мг,бакар 0.7 мг,манган 1.6 мг



Назад»»

Продавници во градот Скопје
Нашите производи можете да ги купите на четири локации во Скопје
   



Мар Вик © 2013
power by webstrani